Во Младинскиот културен центар утре во 11:00 часот ќе се одржи комеморација во чест на новинарот и сопственик на Фокус, Никола Младенов, кој ноќеска загина во сообраќајна несреќа.
Редакцијата на „Фокус“ соопшти дека утре излегува вонредно и бесплатно издание на весникот на 16 страници, посветено на Никола Младенов.