Колоски: Потребна е поголема обединетост за прашањето за името и националните интереси

Од:

За да се отстанат пречките за евроатланстката интеграција, Македонија треба да ги унапреди билатералните односи со клучните земји како што се Франција, Германија и САД и да создава пријатели во Европа и во светот. Мора да ги унапредува односите и со соседите, особено со Бугарија и Грција, иако има отворени прашања со нив.

Ова, меѓу другото, го истакнува претседателот на Обединетата македонска дијаспора Мето Колоски во интервју за МИА.

Според него, нема гаранции дека промената на името ќе значи веднаш влез во НАТО и ЕУ. Неопходна е, вели, поголема обединетост за прашањето за името и националните интереси.

ОМД интензивно лобира за признавање на уставното име, особено во Австралија, Франција и Германија, но засега нема најави за такво нешто во блиска иднина.

Настојувањата на ОМД се да ги анимира Македонците низ светот активно да ги промовираат интересите на Македонија. Проценка на организацијата е дека надвор од Македонија живеат меѓу два и 4,5 милиони Македонци.

Колоски во интервјуто ја најавува и Глобалната конференција на ОМД, која прв пат ќе се одржи годинава во Македонија, а на која централна тема ќе биде Букурешкиот договор и последиците врз Македонија и македонскиот народ.

ОМД се смета за водечка меѓународна НВО која ги застапува интересите и потребите на Македонците кои живеат надвор од Македонија ширум светот. Од формирањето до денес како ги оценувате постигнувањата во пресрет на 2014 кога треба да одбележите јубилеј 10 години?

– Пред се, најголемо постигнување е самото професионално присуство во центарот на политиката во светот – Вашингтон.  Обединетата македонска дијапсора (ОМД) е првата македонска организација, која има седиште во Вашингтон и која се обидува на еден поинаков начин да ги промовира интересите на Македонија и да придонесе за решавање на сите отворени прашања од државен интерес. На постигнување на овие цели во ОМД работи, вработен професионален кадар, а имаме и програма за пракса на студенти. Нашата цел е клучните фактори во САД, но и во другите држави во Европа, Канада и Австралија да ги запознаеме со македонското прашање и со нашите интереси. Затоа освен во САД имаме свои ограноци и во Канада, Австралија како и низ повеќето големи центри во Европа, а свое претставништво имаме и во Грција.

 Во последениве 10 години колку што постоиме успеавме да се прошириме во целиот свет и се обидуваме нашите цели кои се секако и интерес на Република Македонија да ги реализираме во еден нов современ дух, кој кореспондира со реалните политички процеси и може да даде резултат. Значи, наша цел е да се издигнеме од оној емотивен пристап кон Македонија на дијаспората и низ конкретни реални активности во повеќе области да дадеме активен придонес кон развојот и напредокот на нашата татковина, Република Македонија.

Како најзначајни активности на ОМД  и нејзините соработници досега би ги споменал нашиот удел во признавањето на Македонија под уставното име од страна на Канада, Индија, и Унгарија.  Исто така, од 2007 година ОМД води активна  кампања за македонското членство во НАТО и можеби е една од најактивните организации во светот, која активно работи на оваа поле на стекнување на пријатели за Македонија.

Особено сакам да ја потенцирам улогата на ОМД во формирање, градење на пријатели на Македонија во Конгресот на САД, и собранијата на Австралија и Канада. Ова е особено значајно бидејќи на тој начин значително е подобрен односнот кон Македонија. Се разбира, ни престои уште многу работа.

Имате ли прецизна бројка колку брои денес македонската дијаспора?

– Проценките се дека надвор од Македонија и регионот живеат помеѓу 2 и 4,5 милиони луѓе. Големи заедници имаа во САД, Канада, Австралија, но и во Германија, Србија, Хрватска, Романија, итн..

Се финансирате од членарина и по пат на донации. Сметате ли дека има интерес кај македонските иселеници за вклучување или поддршка на вашите активности?

Да точно. ОМД се финансира исклучиво од донации и членарина на Македонците и пријателите на Македонија надвор од светот.  ОМД не добива никакви средства од која било Влада во светот.  Не радува фактот што има интерес кај македонската дијаспора и се зголемува поддршката на нашата работа.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски