Поради електронско внесување на податоци за патници кои не поседуваат пасоши од Европската Унија, моментално е формирана колона од возила на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково.
Патници кои го користат годишниот одмор информираат дека колоната е долга околу еден километар.
-Секој патник што не е со европски пасош Бугарите го внесуваат во системот – се земаат слики и отпечатоци. Една кола ја задржуваат од 10 до 15 минути, изјави граѓанин од Делчево кој годишниот одмор ќе го користи во соседството.
Од македонска страна, граничната контрола се одвива редовно и без застои, а гужвата се создава исклучиво поради дополнителните проверки и процедурите на бугарска страна.
