Колку „тежи“ најмоќниот во судството и зошто и одговара и на оваа власт?

Од:

Најмоќниот човек во судството е и еден од најбогатите луѓе во судството. Јово Вангеловски има 4 стана во Скопје, деловен простор, гаражи, земјоделско земјиште во Параќин, Србија, 4 моторни возила и тоа „Лексус“, „Тојота“, „Крајслер“ и „Мерцедес Бенз“ чија вредност ја проценил на 3 милиони и 700 илјади денари.

Има акции во вредност од 2 милиони и 100 илјади денари, побарување по однос на заем од милион и 500 илјади денари, дивиденда , закупнина за издавање стан, орочени денарски депозити вредни милион и 800 илјади денари, заем од 4 милиони и 800 илјади денари, 4 веќе исплатени кредити. Вангеловски е љубител на златен и сребрен накит чија вредност е милион и двеста илјади денари, уметнички слики проценети на 300.000 денари и 2 рачни часовника „Картие“, едниот 200.000 и вториот 80.000 денари. И сето ова Вангеловски го стекнал работејќи како судија во Врховниот суд и како адвокат.

На функцијата врховен судија дојде без ниту еден ден судски стаж. Познати беа неговите кумски врски со тогашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

„Ако боде очи кумството, јас ќе ја исправам таа слика“, вети Вангеловски, но досега не само што не ја смени сликата за судството на позитивно, туку допринесе на урнисување на угледот на четвртата власт.

Вангеловски во 2015 година беше споменуван и во бомбите на кои можеше да се слушне негов разговор од 2011 година со министерот за транспорт Миле Јанакиески, за случајот „Глобал“.

Во годишниот извештај за минатата година, СЈО оцени дека Јово Вангеловски, како претседател на Врховниот суд, во прислушуваните разговори изнесувал информации за судски предмети, интервенирал за предмети кај судии, работел непрофесионално по инструкции на високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

Вангеловски се „прослави“ и по интервенциите во распоредување на судии. Предметот за избеганиот бизнисмен Сеад Кочан, со кој обвинителот Марко Зврлевски, без законска основа побара укинување на притворот и враќање на предметот на повторно одлучување, со електронска распределба на предметите се паднал кај експретседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова. Вангеловски шефувањето со највисокиот суд, го одбележа со неколку спорни одлуки. Го ослободи од притвор бизнисменот, Сеад Кочан кој два месеци беше во бегство. Со оваа одлука, го отвори патот за бегство на Горан Грујевски и Никола Бошковски од УБК.

Вангеловски упадна и ненајавено во гевгелискиот суд барајќи одговор од претседателката на судот зошто ја потпишала наредбата за претрес на Владимир Панчевски, експретседател на скопска единица.

Вангеловски, заедно со претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски и на Врховниот суд како членови по функција во Управниот одбор на Академијата за судии, под поранешното раководство на Анета Арнаудовска, три години земале месечни паушали од по 10.000 денари што законски не им следувале.

Кумот на Трајко Вељаноски е повторно актуелен деновиве со начелното правно мислење со кое го „закопа“ СЈО. Иако ова можеби им одговара и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, можеби потајно и СДСМ го посакува, за да не дојде ред и тие да се најдат во рацете на СЈО. Затоа малку кој верува дека барањето за автентично толкување ќе биде решено според интенциите на законодавецот кога го подготвувал Законот за СЈО. Се чека и дали Врховен ќе ги извади од домашен притвор Мијалков и Камчев.

И додека случаите и работењето на Јово Вангеловски се мета на критики на медиумите и јавноста, за неговите колеги од Судскиот совет ова не значи ништо. Тој и натаму си седи во претседателската фотелја во Врховниот суд.

Би можело да ве интересира

Врховен му ја одби жалбата на Вангеловски за неговото разрешување од функциите

Кристијан Ландов

Три месеца од разрешувањето на Јово Вангеловски, врховните судии ќе бираат кој да одлучува за неговата жалба

Васко Маглешов

Осум месеци е блокирано испитувањето на потеклото на имотот на Јово Вангеловски и судиите од „бомбите“

Васко Маглешов

Кои колеги на Јово Вангеловски може да му „пресудат“ за разрешувањето?

Васко Маглешов

Вангеловски: Ќе се жалам што ме разрешија

Васко Маглешов

ВИДЕО: Судскиот совет го разреши Јово Вангеловски

Васко Маглешов