Вангеловски: Ќе се жалам што ме разрешија

Од:

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, за „А1он“, рече дека ќе почека да ја добие одлуката за неговото разрешувзње, по што ќе поднесе жалба. Кратко одговори дека во постапката имало бројни повреди.

„Постапката не е правосилно завршена. Штом ја добијам и проучам одлуката ќе се жалам. Но и сега знам дека има бројни процедурални и материјалноправни повреди во постапката пред првостепениот орган“, рече Вангеловски.

Судскиот совет со 7 гласа „за“ на денешната седница го разреши претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

Вангеловски има право на жалба до колегите во Врховниот суд. Разрешување за него беше побарано во декември 2017 година, бидејќи му овоможи на Сеад Кочан да се брани од слобода.

Заедно со Вангеловски беа разрешени и врховната судијка, Рахилка Стојковска, и уште еден судија.

Би можело да ве интересира

Врховен му ја одби жалбата на Вангеловски за неговото разрешување од функциите

Кристијан Ландов

Три месеца од разрешувањето на Јово Вангеловски, врховните судии ќе бираат кој да одлучува за неговата жалба

Васко Маглешов

Осум месеци е блокирано испитувањето на потеклото на имотот на Јово Вангеловски и судиите од „бомбите“

Васко Маглешов

Кои колеги на Јово Вангеловски може да му „пресудат“ за разрешувањето?

Васко Маглешов

ВИДЕО: Судскиот совет го разреши Јово Вангеловски

Васко Маглешов

Судскиот совет по вторпат ќе се обиде да го разреши Јово Вангеловски

Васко Маглешов