Судскиот совет по вторпат ќе се обиде да го разреши Јово Вангеловски

Од:

Судскиот совет на денешната седница повторно ќе го разгледува извештајот за разрешување на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, дознава „А1он“.

Членовите на Советот половина час пред почетокот на седницата одржаа колегиум. Претседателот на Советот, Киро Здравев потврди дека има точка за разрешување на претседател на суд, но не кажа за кого станува збор, поради тајноста на постапката.

Вангеловски веќе еднаш се најде како точка за разрешување, но не помина, бидејќи новиот член на Советот Миљазим Мустафа, рекол дека му треба време да го разгледа предметот пред да одлучи како ќе гласа.

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието