„Колената го болат за во авион, ама не и за на Водно“, „Со владиниот авион одевте до Ниш“ – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се пресметуваат за патувањето во Вашингтон

Од:

Дали сите тројца министри во Владата на Мицкоски кои беа во Вашингтон на државна сметка имаат исти проблеми со колената па мораат да патуваат со бизнис класа прашува СДСМ по објаснувањето на премиерот Христијан Мицкоски дека патувал со бизнис класа затоа што имал проблеми со колената.

„Со смеа и неверување јавноста и граѓаните ги слушнаа ‘оправдувањата’ на Мицкоски дека причина биле проблеми со колениците. Дали сите 3 министри во Владата на Мицкоски кои беа во Вашингтон на државна сметка имаат исти проблеми со колената па мораат да патуваат со бизнис класа? А, кога се сликаше на Водно како се качува Мицкоски имаше ли проблем со колениците? Мицкоски лаже и си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните“,се вели во реакцијата на СДСМ.

Мицкоски во телевизиско интервју рече дека неговото патување во бизнис-класата било на прекуокеански релации и тоа Виена – Вашингтон и Њујорк – Виена. На летот од Скопје до Виена и обратно, како што рече, бил во економска класа.

На реакцијата од СДСМ експресно возврати ВМРО-ДПМНЕ.

– Кога сме кај возењето со авиони, токму функционерите на СДС ги оштетија граѓаните. Од 30 дена, владиниот авион министрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена, дури и до Ниш, а Заев и министри на СДС одеа со државен хеликоптер дури и до градови низ Македонија без никаква потреба.Заради СДС за владиниот авион за сервис ќе се платат 1 милион евра од буџетот на граѓаните.Заврши времето на нерационално се трошеа народните пари и наместо за граѓаните парите одеа кај пајташите на СДС и ДУИ.Вистинското прашање кое СДС треба да одговори каде се поделени 100 милиони евра без критериуми за наводна поддршка на компании во ковид?,Или како се потрошени 550 милиони евра за пруга која завршува во тунел без излез, велат од партијата.

Дополнително, околу патувањето на премиерот на самитот на НАТО внимание привлече и присуството на неговиот син. Тој објаснува дека сметките за патувањето на синот ги платил сам. ДКСК отвори постака за овој случај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

За премиерот пресудата за „Талир„ е задоволување на правдата, опозицијата жестоко реагира

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дијаспората не сака Мицкоски да гласа наместо неа