Колективен договор добија вработените во Фондот за здравствено осигурување

Од:

Нов колективен договор добија вработените во Фондот за здравствено осигурување по тримесечно преговарање меѓу раководството на Фондот и Синдикатот на УПОЗ.

Договорот беше потпишан денеска и во него, како што информира Синдикатот на УПОЗ, се вклучени сите позитивни законски прописи и се унапредени правата на вработените.

По пауза од 17 години во Фондот повторно има колективен договор и истиот ги вклучува сите позитивни законски прописи и воедно ги уредува сите специфики на работењето на вработените во Фондот за здравствено осигурување.

Поради специфичноста на работите, работните групи текстот на договорот интензивно го усогласуваа во изминативе три месеци со цел да се унапредат правата на вработените.

Конечно вработените во ФЗО добија нов современ договор со кој се валоризира трудот на секој вработен, а воедно го обврзува работодавачот да соработува со Синдикатот како рамноправен социјален партнер во обезбедување квалитетни работни услови, наведува Синдикатот.

Според директорот на ФЗО, Ден Дончев, колективниот договор претставува убава можност за регулирање на правата и обврските на вработените и тој е во согласност со определбите на Владата за обезбедување максимална заштита, но и финансиска сигурност за вработените во Фондот.

Задоволство од потпишувањето на договорот изрази и директорот на ФЗО, Орхан Рамадани, според кого придобивки ќе имаат сите вработени, особено оние со најниски примања, кај кои сега ќе има покачување на бројот на бодови.

Претседателот на “УПОЗ” Пецо Грујовски оцени дека намерата на раководството на Фондот да продолжи соработката со синдикатот е основа на понатамошен успешен социјалне дијалог.

Колективниот договор почнува да важи од денеска. Првиот и досега единствен колективен договор беше потпишан во 2003 година.

Би можело да ве интересира

Деаноски: Ако не се постигне договор, не се исклучуваат штрајкови и тужби

Деановски: Продолжува протестот, 988 вработени немаат земено декемвриска плата

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

Платите на 70 отсто од вработените во Министерство за култура се под просечната, велат од Синдикатот плата во РСМ

УПОЗ и одговори на Владата: Сте не измешале со некој друг синдикат

Катерина Ѓуровски

Синдикатот на вработените во Министерството за европски прашања демантира дека е дел од протестот на УПОЗ

Катерина Ѓуровски