Колариќ: Имаме сомнение дека парите за субвенции за инвертер клими се злоупотребени

Од:

Денеска ќе поднесеме пријава до ДКСК за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за кој постојат основани сомненија дека ненаменски потрошил над 33 милиони денари народни пари, кои требало да бидат искористени за исплаќање на субвенции за инвертер клими на домаќинства кои се греат на дрва,нафта или мазут рече денеска на прес конференција советничката во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ.

„Субвенцијата која требаше да ја добие едно домаќинство е до 62 илјади денари. Сите пари не завршиле кај домаќинства кои требаше да ги заменат своите печки на дрва со инвертер клими. Од свиркачи во Град Скопје имаме информации дека се давани субвенции и на домаќинства кои не ги исполнуват бараните услови пропишани во Програмата донесена од Советот на Градот Скопје на 29-ти јануари 2020 година. Ова е класична злоупотреба која мора да биде санкционирана. Дополнително постои сомнение дека поделбата на субвенциите е вршена и по партиски клуч. Имено на некој од граѓани им било барано да достават потврда од БЕГ дека не се приклучени на градското парно, на други им била прифаќана и изјава на нотар, а на трети не им се барани никакви документи. Применета е произволност и самоволие на градската управа спротивно на Програмата донесена од Совет на Град Скопје“ – рече Колариќ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?