А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Васко Маглешов
Македонија

Кој стигна избега – седуммина место в затвор на слобода

by Васко Маглешов02/11/2019 - 12:0202/11/2019 - 13:491617
Share0

Кој се обидел да ѝ избега на правдата во земјава, судејќи по бројките, се чини дека успеал. За само две години од државата избегале седум осудени и обвинети лица.

Добивај вести на вибер

Одговорност за тоа нема. Вината во јавноста со изјави и дописи постојано си ја префрлаат полицијата, судот и затворите. Некои од избеганите, како Никола Митровски Кољо и Александар Василевски Нинџа не ги наоѓаше полицијата, туку се пријавуваа самите.

Игор Спасов

Поранешниот специјалец Игор Спасов е седмиот во низата лица кои успеале да ѝ избегаат на правдата за период од само две години. Нему за убиството на Мартин Нешкоски му остануваат да одлежи уште 7 години и 3 месеца. Одговорност за неговото бегство нема.

Во оваа низа е и Дејан Давидовски Дешо, кој избега во Шведска. Тој е обвинет за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година. За Давидовски беше распишана меѓународна потерница, но Шведска одби да го екстрадира.

На списокот избегани од правдата е и Никола Војминоски, кој беше осуден за обид за убиство на Зијадин Села на затворска казна од 13 и пол години. Полицијата не го пронајде дома каде беше во куќен притвор.

Експремиерот Никола Груевски за една недела ќе направи една година откако под сè уште неразјаснети околности преку Албанија излезе од државата и избега во Унгарија, а Унгарија одби да го екстрадира бидејќи доби политички азил. Одговорност и за ова бегство нема, а обвинителката Вилма Русковска соопшти дека констатирале пропусти кои не се кривично дело. Прашањето на кое јавноста очекува одговор е зошто никој не одговарал ниту за пропустите.

Во 2017 година избегаа ексначалникот на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, и ексразузнавачот Никола Бошкоски. Ова се случи откако десетина дена се чекаше да стане правосилна одлуката за притвор. СЈО ги обвини во предметот за масовното прислушување „Таргет Тврдина“. Грујевски дополнително е обвинет и во „Тврдина 2“ и „Трезор“, а осомничен во истрагата „Странски служби“. И двајцата побараа и очекуваат азил во Грција, а Врховниот суд одби да ги екстрадира.

Од државата успеа да избега и Газдата на фирмата „Секјуриком“, Австриецот Волфганг Гампер, кој ја напушти државата со одземен пасош како осомничен соизвршител во местење на 11 милионскиот тендер за одржување на Владата.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ

Листата на бегалци од правдата има долга историја и години наназад. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, обвинети за маскарот кај Смилковското езеро полицијата никогаш не ги најде. Иако има по нив распишано меѓународна потерница, тие се недостапни за органите од 2012 година.

Се чини дека една од најдолгите неуспешни потраги на бегалец од правдата е за Драган Даравелски. Поминаа 17 години откако поранешниот директор на македонската Царина, избега во Србија. Тој беше осуден за злоупотреба на службената положба во Царината во периодот од 1999 до 2002 година во вредност од приближно 1,5 милион евра. Додека во екстрадициски притвор чекаше испорачување во Македонија, му беше одобрено српско државјанство.

begstvo na zatvorenicigoran grujevskigruevski ekstradicijagrujevski-boskoski

Би можело да ве интересира

Во Загреб уапсен, па ослободен екс разузнавачот Горан Грујевски

Катерина Ѓуровски14/04/2024 - 14:0214/04/2024 - 18:06

Ако станам премиер ќе го екстрадирам Груевски во Македонија, најави лидерот на унгарската опозиција

Катерина Ѓуровски28/10/2021 - 11:35

(ВИДЕО) Маричиќ: Грција не може да ги лоцира Горан Грујевски и Никола Бошкоски

Искра Манојлоска08/10/2020 - 12:3408/10/2020 - 12:35

1,5 година затвор за Горан Грујевски

Васко Маглешов20/11/2019 - 12:1820/11/2019 - 15:58

Oбвинителството уште чека вештачења за бегството на Груевски

Васко Маглешов05/10/2019 - 11:3005/10/2019 - 11:35

Ристовски: Министерството за правда не може да бара ревизија на азилот на Груевски

Татјана Ташкова28/06/2019 - 15:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен