Кој лаже и кој е „фејк њуз“ – Антониа Гиговска или „А1он“?

Од:

Пејачката Антониа Гиговска за само три часа заборави каква изјава дала за „А1он“ и обвини дека веб-порталот ги испревртува изјавите за да добие кликови.

dobivaj vesti na viber

На Антониа не ѝ се допаднал насловот „Антонија Гиговска му откажа на Артан Груби: Менаџерот ме пријавил без да знам, мене политика не ме интересира“, па го објави на својот профил на „Инстаграм“ како лажна вест, иако насловот е изведен од нејзиниот одговор, кој го испрати до „А1он“ во комуникацијата на „Вибер“.

„Јас ваква изјава немам дадено. Точно знам што сум пишала и што сум дала како изјава, не испревртувајте за кликови. Темата е завршена. Мојот настап е откажан“, објави Антониа на „Инстаграм“.
„А1он“ цело утро на телефон се обидуваше да стапи во контакт со Гиговска за да ја праша дали го откажала учеството на забавата по повод 21 година од Рамковниот договор, па откога не крена слушалка, ѝ испративме порака на „Вибер“.

„Правам тема за Рамковниот договор и за музичките настапи на прославата. Ти беше на листата што ја пратија од Владата, но прочитав дека си се откажала. Можеш ли да ми потврдиш дали е точно и ако си откажала, поради што? Ти благодарам, поздрав“, беше прашањето упатено до Антониа.

Антониа Гиговска во својот одговор напиша дека одлучила да го откаже учеството затоа што нејзиниот менаџмент прифатил ангажман за кој не знаела дека има политичка конотација.

„Антониа Гиговска нема да биде дел од настанот Peace Festival. Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев/не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев принудена да го откажам мојот ангажман, се разбира, со секоја почит кон организаторот и кон која било политичка страна. Јас не сакам да бидам дел од такви манифестации, ниту некогаш сум била. Политиката не ме интересира. Мојата работа е да правам музика, која ќе остане, и на фановите да им го дадам најдоброто од мене. Ваша Антонија“, гласи пораката што ја испрати до „А1он“ по неколку часа откако редакцијата ја побара за потврда дали ќе го откаже учеството на настанот.

Гиговска и на својот профил на „Инстаграм“ го објави речиси истиот одговор што го испрати до „А1он“:

„Зад мене е одговорен менаџерски тим, кој прифати ангажман за кој ниту јас ниту тие не знаеле дека има или би имало политичка конотација. Па, оттаму, бев принудена да го откажам мојот ангажман, се разбира, со секоја почит кон организаторот и кон која било политичка страна. Јас не сакам да бидам дел од манифестации поврзани со политика, ниту некогаш ќе бидам. Мојата работа е да правам музика и на фановите да им го дадам најдоброто од мене“.

Антониа Гиговска одлучи да го откаже учеството еден ден по владината реклама дека ќе биде една од ѕвездите на „Мировниот фестивал“, што предизвика многу негативни реакции на социјалните мрежи дека ќе пее на политичка забава.

Министерството за политички систем ќе ги организира музичкиот хепенинг „Мировен фестивал“ и школата за млади лидери во Маврово наречена Peace forum dialogue, кои граѓаните ќе ги чинат 70.000 евра.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на ДУИ

Лефков: Прославата за Рамковниот договор е приватна забава на ДУИ

Катерина Павлова-Николовска

Дваесет и една година од потпишувањето на Рамковниот договор

И Владо Јаневски му откажа на Груби: Ќе има ли македонски пејач на прославата за Рамковниот?

Орце Костов

Антониа Гиговска му откажа на Артан Груби: Менаџерот ме пријавил без да знам, мене политика не ме интересира

Орце Костов

Артан Груби ќе фрли 70.000 евра за прослава на Рамковниот: Сакаме да прерасне во фестивал како Егзит

Орце Костов