ВИДЕО: Кој ќе преживее, може ќе дочека од чистиот воздух на Макрадули и Османи

Од:

Наместо да понуди решенија кои се видливи, власта најави двегодишен план за справување со аерозагадувањето. Заменик министерот за животна средина, како раководител на интер-ресорката група за справување со загадувањето Јани Макрадули кажа дека станува збор за план со кој очекувал загадувањето да се намали за 50 проценти, ама после две години.

Власта одамна требаше да има план, а ова е само обид да се помине зимата без критики, со оглед дека е јасна неспособноста да се справат со загадувањето. Токму во овој ресор има министер кој не кажал ниту збор за загадувањето ниту пак јавноста виде некаков план како да го реши. Власта, а тогашна опозиција имаше најсилни критики токму за загадениот воздух и ветуваше дека има план и мерки за итно поправање на ситуацијата, но се остана исто.

Сега, според планот кој го претставуваа Јани Макрадули и Бујар Османи се очекуваат средства од домашни донатори за да се спроведе истиот – како на пример од Шведска, Јапонија и САД. Макрадули не беше конкретен за колкави средства станува збор.

„Не сакам да лицитирам“, рече Макрадули, но спомена дека шведската агенција СИДА треба да издвои 2,5 милиони евра со кои се очекува да се поправат мерните станици кои не функционираат и да се обноват останатите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места