Кои се убиените во чаршијата – нова пресметка меѓу клановите Беланоца и Грчец, крвна одмазда и освета?

Од:

Се разгоре ли војната во скопското подземје повторно?

По синоќешната ликвидација на Јетон Кривањева (Жила) и Енис Исени (Љаци), што соодствува на иницијалите што утрово ги соопшти полицијата („пет лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К. (37) и Е.И. (28), кои починале на местото на настанот“), неофицијално, е продолжение на пресметките меѓу ривалските нарко групи во скопско кои се во судир веќе неколку години, а нивното ривалство ги полни полициските билтени со убиства, пукање, запалени возила и крвна освета.

Жила и Љаци наводно припаѓаат на кланот од Грчец и имаат нерасчистени сметки со членови на групата „Беланоца“ од Ченто. Сепак полицијата допрва треба да утврди кој стои зад двојната ликвидација во чаршијата и дали се работи за пресметка меѓу подземјето.

Според  информации од скопското подземје нападот наликува на стилот на Беланоца.

Маскирани со фантомки на главите, облечени во црно да наликуваат на специјална полиција, да влезат во објект и со викање „полиција“ за да ги збунат присутните, да пукаат кон својата мета. Истото се случи и во хотелот Александар Палас во 2019 година каде повторно мета беа сега убиениот Жила и Камер Идризи.

Насилното ривалство помеѓу двете групи се заострило во 2005 година, откако како последица од прострелни рани во кафеанска пресметка, почина Неџмедин кој беше брат на Џелал Ајети-Џељо кој пак беше убиен во во ноември 2013 година на 46-годишна возраст.  Беше убиен во неговата чајџилница „Кај Џељо“, во скопско Ченто. Нападот врз него е сличен како вчерашниот. Убиецот, маскиран во фантомка, со оружје влегол во чајџилницата и испукал најмалку 30 куршуми.

Во септември 2018 година пак беше убиен и третиот брат, Наим Ајети, пресретнат од возило на „Рузвелтова“ во Скопје.

Следната година 2019 се случи инцидентот во Александар Палас. Пет лица со фантомки излегле од возило и отвориле оган кон ресторанот на хотелот, каде седеле Камер Идризи и Јетон Кривањева. Полицаец во цивилна облека, кој во тоа време седеше на иста маса со нападнатите, кои се од Грчец, возвратил на напаѓачите и со тоа спречи поголеми последици. Напаѓачите избегале со џип марка „Туарег“ кој имал украдени регистерски таблички, а кој полицијата го најде запален на периферија на Скопје.

Ова беше официјалното соопштение од МВР тогаш

„ Додека во ресторанот на хотелот седеле Е.И. (21), Е.И. (25), О.Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25), три лица со маски почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, а бил дел од групата, испукал 11 куршуми од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица во инцидентот немаше.„

Трагите за напаѓачите се претпоставуваше дека водат кон скопско Арачиново во чија близина беше и пронајдено возилото „Фолксваген Туарег“ целосно пеплосан по нападот, а внатре биле пронајдени две опожарени автоматски пушки марка „калашников“.

Во 2021 година, 43-годишниот Камер Идризи кој се спаси во Александар Палас, беше убиен во Бутел.

Камбер се движел со автомобил „голф 7“ заедно со својот внук 24-годишниот Ергин Исени. Маскирани лица од возило во движење испукале кон возилото повеќе од 80 куршуми од автоматско оружје калашников. Идризи умрел на самото место, а Ергин бил погоден со 6 куршуми и почина во болница една недела по оружениот атентат.

За Кривањева (Жила) дел од албанските медиуми денес велат и дека не бил само криминалец туку и „хуманист“ бидејќи донирал 4 станови на фондацијата „ Сирачиња на Балканот“ која ја води Халил Кастрати. А дел од нив објавија и видео на кое се гледа како Кривањева ги предава клучевите од станот на едно семејство.

На социјалните мрежи може да се најдат неколку фотографии на Жила со Кастрати но и со познати лица – политичари од албанските партии.

За Кривањева се вели дека е со „дебело досие“ на прекршоци. Според последната официјална информација полицијата од Тетово на 09 февруари 2022 испратила и јавна објава дека не може да достави прекршочни дела до одредени лица, а на листата е и Јетон Кривањева. Во објавата се вели дека се бара за дело П.П.бр.19.2.11-4200/20 од 02.03.2021 година

Според официјалните информации од МВР направен е увид на местото на убиството – кафе барот Шиша бар во Чаршија, земени се изјави од сите очевидци, а телата на починатите се дадени на обдукција. Се трага по сторителите.

Би можело да ве интересира

Се расправале за поправка на автомобил, механичарот пукал во муштеријата

Катерина Ѓуровски

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

Турчин пронајден мртов во хотел во Охрид

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он