Кои се судиите кои го ослободија Мијалков за прислушкувањето: Исти состав како за „Рекет“, еден од нив Русковска го тресеше од гаќи

Од:

Судиите кои ја потврдија пресудата за „Рекет“ се истите кои го ослободија Сашо Мијалков, заедно со останатите обвинети во „Таргет-тврдина“ за прислушкувањето. Составот на судии е Јани Нича – претседател на Советот, додека членови се Енвер Беџети, Ѓоко Ристов, Тања Милева, Лидија Чачева. Судијата Јани Нича по втор пат во половина месец е претседател на Совет кој одлучува за казните на Мијалков, а носи ослободителна пресуда. На крајот од ноември, Нича, со друг состав ја укина пресудата и за „Трезор“ каде првообвинет исто беше ексдиректорот на УБК.

Нича, во јавноста е познат и како судијата на кого обвинителката Вилма Русковска му се закани дека ќе го истресе од гаќи и поведе финансиска истрага. По ова, Нича пријави притисок поради СМС пораката која ја добил.

На судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети ова не им е прво одлучување во корист на Мијалков. Тие пред една година, беа дел од советот кој го пушти ексдиректорот на УБК на слобода, укинувајќи му го притворот за „Трезор“. Одлуката ја донесоа откако Мијалков претходно беше во бегство односно недостапен за органите на прогонот.

Судијката Тања Милева, која сега стои зад одлуката за „Таргет-тврдина“, неофицијално, лани не сакала да го пушти Мијалков од притвор. Милева е сопруга на Игор Милев, кој беше член на ДИК од СДСМ, а потоа вработен во Царина. Последната судијка од советот кој ја укина пресудата за прислушувањето, Лидија Чачева, суди прекршоци, а е дел од советите за кривични предмети кога нема кворум за да се донесе одлука.

По година и 10 месеци од донесената пресуда за „Таргет-тврдина“, каде Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор за масовното нелегално прислушување од 2008 до 2015 година и уништување на системите за следење на комуникациите на МВР, Апелација ја укина и предметот го врати на повторно судење. Во овој случај, за уништувањето на опремата е осудена и ексминистерката Гордана Јанкуловска на четири години затвор. На тогашниот началник на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски кој заедно со Мијалков учествувал во прислушкувањето му е досудена казна од 15 години. На Никола Бошкоски кој исто така е во бегство му е изречена 15-годишна затворска казна. Сега, сите се ослободени од вина и ќе имаат ново судење.
Предметот, во Кривичен суд се судеше три годни и два месеци.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Шврговски: Судот донесе законита и правична одлука за „Трезор“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Се менува кривичното дело за ,,Трезор”, Мијалков добива послабо обвинение

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески