А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кофи Анан: Македонија беше подготвена на решение – Грција не сакаше

by А1он19/10/2012 - 09:3819/10/2012 - 10:20165
Share0

Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Кофи Анан вчера во Вашингтон изјави дека спорот за името меѓу Македонија и Грција е единствен таков пример во историјата на една држава да и се негира името од страна на нејзин сосед и дека Атина не била подготвена да се реши ова прашање.

Добивај вести на вибер

– Срамота е што ова прашање се одолговлекува толку долго, изјави Анан, одговорајќи на новинарско прашање за време на неговиот настап во институтот Брукингс во Вашингтон.

Според Анан, кој беше генерален секретар на ОН од 1997 до 2006 година, Македонија и Грција биле блиску до решавање на спорот во неговиот мандат, и Македонија била подготвена на решение, но Грција не сакала да прифати.

– Двете земји разговараа за спорот веќе извесно време. Специјалниот пратеник работи на ова прашање, тој е пратеник со најдолг стаж. Двете земји во еден момент беа пред решение, но тој предлог пропадна. Се чини дека Македонија е подготвена да прифати компромис кој ќе го содржи зборот Македонија во него, но не сум сигурен дека Грција е подготвена на тоа. Разговорите продолжуваат, и во регионот има други приоритети и предизвици. Не можам да кажам дали тоа ќе помогне во решавањето на проблемот или ќе го искомплицира, бидејќи не сум толку блиску до овој спор сега. Но, мислам дека е срамота што ова прашање се одолговлекува толку долго и се надевам дека ќе се најде излез, изјави Анан.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен