(ВИДЕО) Коѕијас: Промена во Уставот не е нешто страшно

Од:

Уставните промени не се нешто што е страшно и поразително, Уставот и навиките се менуваат. Не ни е целта со одредено решение некоја страна да биде омаловажена. Нам ни е потребно чесно решение, а тоа е пронаоѓање решение помеѓу двете различни мислења.

Досега имате направено промени во Уставот, но не би навлегувал во тоа подетално, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

Тој истакна дека му е чест што е во Скопје и тука е да ги поддржи евро-атланските интеграции на државата.

„Со оваа средба направивме крупни чекори за решавање на проблемите помеѓу двата народа, стабилноста и безбедноста во регионот ни се најважни“, рече Коѕијас, на прес конференцијата во МНР.

Шефот на грчката дипломатија истакна дека политичките пречки мора да се надминат и се радува на средбите со политичкиот врв на државата.

„Должни сме да најдеме решение кое ќе им помогне на двете земји. На Грција и е важно да го реши овој проблем исто колку и на вашата земја. Со решавање на спорот двете страни добиваат“, рече Коѕијас додавајќи дека не може да се добие она што секој од нив го замислил, но важно е да се направи компромис за успешно решавање на проблемот.

На новинарското прашањето дали со двата нацрт договори се усложнува решавањето на проблемот, Коѕијас одговори дека не, туку напротив тие служат како помош како за двете земји, така и за медијаторот Метју Нимиц кој од двата нацрт предлози ќе направи еден кој ќе го достави до Генералното собрание на ЕУ и во кој ќе стои дека проблемот со името е надминат.

Министерот за надворешни работи на Грција во својот говор, како и досега не го спомнуваше името Република Македонија, туку државата ја услови со „нашиот пријателски северен сосед“.

Коцијас ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, потоа со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а ќе се сретне и со претседателите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Христијан Мицкоски.

Следната средба помеѓу министрите Коѕијас и Димитров ќе се случи наредната недела во Виена, заедно со медијаторот Метју Нимиц, каде што детално ќе се разговара за решавање на проблемот со името.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска