Коѕијас: Не сум кажал дека спoрот за името е поврзан со јазикот или други прашања

Од:

Се надевам дека во еден момент ќе можеме да дојдеме во ситуација да имаме содржајни разговори за името. Никогаш не сум кажал дека тоа е поврзано со јазикот или други прашања.

Ова го изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на прес-конференцијата во Солун, одговарајќи на новинарско прашање дали, како што обавија некои грчки медиуми, рекол дека Атина освен името на Македонија оспорува и други прашања како што се јазикот, нацијата…

Коѕијас, претходно денеска, во Солун имаше средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, на која разговарале за нови форми на соработка.

Во контекст на денешниот состанок на минстрите од Грција, Македонија, Бугарија и Албанија, Коѕијас истакна дека Атина ќе даде поддршка за повеќето земји за членство во ЕУ, како и поддршка за содвање мрежа за соработка.

Тој признава дека Грција се однесувала арогантно кон земјите во регионот во 90-те години, но извлекла поука и се свртела кон градење доверба. Оцени дека односите меѓу земјите во регионот сега се многу поодбри отколку што се перцепира во јавноста.

– Треба да сме подготвени на компромиси и да не се плашиме. Треба да ги решаваме проблемите, рече Коѕијас.

Во обраќањето на прес-конференцијата во Солун тој нагласи дека иднината на ЕУ е во аеднички интерес и во интерес перспективата на регионот и оти земјите кандидати за членство во ЕУ во следната фаза на пристапување ќе добијат средства наменети за Југоисточна Европа.

– Со средбата сакаме да ги идентификуваме заедничките интереси, иднината на регионот и грчката надворешна политика е фокусирана на исполнување на денешната агенда како да им се посветеиме на овие прашања како и на прашањата од економијата, културата, образованиетое, истражувањето како и секторите за енергија и за внатрешна безбедност, рече Коѕијас.

Преземени се, додаде, специфични мерки преку пленарните и преку индивидуланите средби, а билатерланите средби биле посветени на тоа како да се продлабочи соработката.

На средбата во Солун договорена е нова средба за шест месеци со прашања во врска со соработка со користење на фондовите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска