Коѕијас: Груевски не сакаше решение за името

Од:

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски глумел дека сака решение на спорот за името, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, реагирајќи на информациите што ги објави Викиликс дека македонските власти уште во 2008 година прифатиле промена на името.

– Познато е дека Груевски не сакаше никакво решение на спорот за името. Се исмеваше со меѓународните играчи, се претвораше дека е принуден на компромис. Никој не му веруваше, освен, ако се потсетиме, господинот Мицотакис, вели Коѕијас.

Се огласи и Мицотакис, кој објавата на Викиликс ја нарече трагична.

– Денес од Викиликс дознаваме дека Скопје во 2008 година барало државата да се преименува во „Северна Македонија“, а нивните луѓе да се нарекуваат „Македонци“, кои наводно зборуваат „македонски јазик“. Тоа на најтрагичен начин го потврдува она што со месеци го кажувам – дека премиерот Ципрас, министерот за одбрана Каменос, и Коѕијас сакаат да го претстават овој исклучително штетен договор за Грција за успех, што ги задоволи барањата на Скопје, изјави Мицотакис.

Тој повтори дека Нова демократија нема да гласа за ратификација на договорот во грчкиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Драма во Грција: Македонец остави паричник полн со пари во ресторан, а потоа избувна паника

Горан Наумовски

ВИДЕО: Големиот шумски пожар на грчки остров е надвор од контрола, наредена е евакуација

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Српски туристи казнети со 150 евра во Грција – двете деца врзани со појас, третото не

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството