Коѕиас: За името треба да разговараат двете земји, и да не се остава на трети

Од:

За прашањето за името ќе се разговара по изборите во Македонија, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во интервју за „Катимерини“.

– Моја претпоставка е дека по завршувањето на изборниот процес во Македонија и изборите на 11 декември, сигурно од многу страни ќе има поттикнувања за решавање на спорот за името. Следствено, после изборите, ова прашање треба да биде предмет на консултации меѓу двете министерства за надворешни работи и да не го оставаме на трети. И со помош, се разбира, на медијаторот Метју Нимиц, изјави Коѕиас.

Тој се осврна и на мерките за градење доверба меѓу двете земји. На новинарско прашање дали мерките за градење доверба ги доведуваат земјите поблиску до решение за името, тој вели „ќе видиме“.

– Но да знаете дека мерките за градење доверба помогнаа многу за да се урне сликата на Грција во Скопје, дека ние сакаме да ја распаднеме оваа држава, изјави Коѕиас и уште еднаш повтори дека Грција сака Македонија да опстои и оти токму затоа тој ставил вето кога Европската унија дискутирала за воведување санкции против нашата земја.

– Проблемот е што кумот на оваа држава направил грешка во врска со името, изјави грчкиот министер за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска