Коѕиас: Компромис за името, потоа влез во НАТО и ЕУ

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас рече дека очекува Грција да се соочи со нова серија повици за прием на Македонија во НАТО и отворање преговори со Европската Унија и порача дека тоа ќе биде можно доколку се направи компромис по прашањето за името.

Зборувајќи на партиски состанок во Кожани, Коѕиас додаде дека Македонија мора да ја научи културата на правењето компромиси, доколку сака да ги продолжи своите интеграции.

– Сега кога состојбите таму се стабилизираа, ќе дојдат повторно политичари, тоа е сигурно, и ќе кажат дека за дополнително да ги стабилизираме, треба да ги внесеме во НАТО и во Европската Унија. Нема приговор. Но, прво да ги исполнат нивните обврски. Тоа значи дека треба да запрат со иредентизмот и да направат компромис по прашањето со името. Треба да ја научат културата на компромис и да ги прифатат неопходните промени на нивното уставно име, изјави Коѕиас.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас зборуваше телефонски со новиот македонски премиер Зоран Заев, а министерот за надворешни работи Никола Димитров во среда треба да ја посети Грција.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска