Коѕиас и Гутереш разговарале за името на Македонија

Од:

Прашањето за името на Македонија, Кипар и реформите во Обединетите нации биле главните теми за кои синоќа во Њујорк разговарале грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

Според Коѕиас, разговорот бил „интересен“, а Гутереш го поздравил и ставот на Грција за миграцискиот проблем.

Во врска со проблемот кој Грција го има со уставното име на Република Македонија и разговорите со посредништво на медијаторот Метју Нимиц, Коѕиас рекол дека „постои отворен прозорец за можности“ да се разговара по завршувањето на локалните избори во октомври и доколку „соседната земја го напушти иредентизмот“.

Прес службата на ОН, како што објави грчкото МНР на Твитер, по средбата издала соопштение во кое, меѓу другото, се вели дека генералниот секретар ги поздрави обновените напори за наоѓање решение за спорот за името и го уверил грчкиот министер за надворешни работи во посветеноста на ОН да ги поддржи двете земји во овој контекст.

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски