Коцијанчич: Хан во Скопје ќе се сретне со политичките лидери

Од:

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, в четврток во Скопје ќе се сретне и со лидерите на политичките партии што освоија место во македонското Собрание, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска за МИА потврди дека главен настан поради кој Хан доаѓа во Република Македонија е состанокот на министрите за надворешни работи и енергетика/економија од шесте балкански држави (Македонија, Косово, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора).

Гласноговорничката на Еврокомисијата, потврди што ќе се разговара на министерскиот состанок, а тоа е унапредување на пазарот за електрична енергија на Балканот, а и потврди дека и политичките лидери од Македонија ќе се најдат на агендата на Хан.

– Комесарот Јоханес Хан ќе биде во Скопје во четврток на 9 февруари на состанокот на министрите за надворешни работи и енергетика од шесте земји на Западниот Балкан. Учесниците ќе го забележат постигнатиот напредок во енергетскиот сектор и ќе разговараат за мерки за унапредување на регионалниот пазар на електрична енергија. Исто така, ќе се разговара за подготовка на Самитот за Западен Балкан, што во јули ќе се одржи во Трст, Италија. На маргините, комесарот Хан, исто така, ќе има и билатерални разговори, меѓу кои и со претставници на сите политички партии на земјата-домаќин, изјави Маја Коцијанчич.

Како што е познато, еворкомесарот Хан доаѓа во Македонија за време на заглавените разговори за формирање на влада, по парламентарните избори на 11 декември минатата година, при што со себе ја носи идејата на неформалната влада на Европската унија за создавање на широка владина коалиција во земјата, која ќе има задача покрај многу реформи, да го реши и прашањето околу разликите за името со Грција.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ