Коцијанчич: ЕУ ги повикува институциите во Македонија да обезбедат услови за веродостојни избори

Од:

По неколкуте инциденти во кампањата за локалните избори во Република Македонија, што резултираше со синоќешниот напад врз актуелниот градоначалник на Шуто Оризари и кандидат за нов мандат, Елвис Бајрам, денеска со реакција излезе и Европската комисија.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчич побара од актуелната македонска Влада и сите институции да обезбедат услови за слободни избори.

– Пред локалните избори во земјата, ние ги охрабруваме сите претставници на политички партии да постапуваат одговорно. Исто така, ги повикуваме сите институции да обезбедат услови за веродостоен и транспарентен изборен процес, што ќе им овозможи на сите граѓани слободно да ги остваруваат нивните демократски права, порача Коцијанчич.

Од претходно е кажано дека, покрај исполнување на бараните реформи од ЕК, во рамки на Итните реформски приоритети за Македонија, за отстранување на условеноста на препораката за отворање на преговорите за членство на Македонија во Европската унија, официјален Брисел инсистира и на одржување фер и демократски локални избори, на кои сите партиципиенти ќе имаат услови за фер изборен натпревар на кој граѓаните слободно и без притисоци ќе го дадат својот глас.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија