Коцесионерот на Охридското Езеро тврди дека рибокрадството е намалено за 80 проценти

Од:

Според податоците на концесионерот „Пастрмка 2012“ што стопанисува со Охридското Езеро, појавите на рибокрадство во езерото се намалени за дури 80 проценти.

Во изминатите неколку месеци од доделувањето на концесијата на „Пастрмка 2012“, службите спровеле 70 акции во езерото, при што заплениле неколку километри илегално поставени мрежи, а се поднесени и осум кривични пријави против сторители на делото „незаконит риболов“. Концесионерот соопштуваат и дека се вложени големи средства во набавка на софистицирана опрема за ноќно набљудување и контрола на езерото.

– Сите овие активности на концесионерот придонесоа рибокрадството на Охридското Езеро да се намали за 80 проценти, со што се покажа исправна одлуката на државата за негово давање под концесија. Со предвидените мерки и строгите законски прописи гарантираме дека уште повеќе ќе се намали бројот на рибокрадци на Охридското Езеро, најавуваат од „Пастрмка 2012“.

Концесионерот уште нагласува дека сите преземени мерки се во насока на заштита на рибниот фонд, за кој сметаат дека неконтролирано се изловувал од рибокрадците во периодот кога езерото немаше концесионер. Од „Пастрмка 2012“ укажуваат дека стопанскиот риболов се врши под строго утврдени риболовни основи и под надзор на Државниот инспекторат за земјоделство и Хидробиолошкиот завод од Охрид.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски