Коце „не дава пет пари“ за твитерџиите

Од:

Градоначалникот Коце Трајановски не ги есапи твитерџиите. Не ја прифаќа поканата утре точно напладне самиот да се увери во автентичноста на оградата составена од живи луѓе.

Твитер и фејсбук заедницата ги повикаа Владата и градските власти, да дојдат на железниот мост блзу Холдеј Ин и да се уверат дека наместо ограда вредна милион евра

можат да постават невработени луѓе кои држејќи се за рака би ја формирале најоргиналната ограда во светот.

Ограда која ако е потребно и ќе пее и игра. Градоначалникот сепак незаинтересиран за нивната понуда.

Директорот пак на зоолошката градина, на чиј евент се дрзнавме да прашаме дали градскиот татко ќе појде на утрешниот настан, откако ни одржа лекција за добро

воспитување, иронизирајќи ги барањата на А1 ја искористи приликата и самиот да му се додворува на градоначалникот.

Идејата која проструи по инетернет просторот наиде на големо воодушевување.

Твиетер заедницата со идеја да нагласат дека сумата која се дава е преголема, постоечката ограда ќе ја облепат со лажни банкноти од по 100 евра.

Дури и така велат нема да се потрошат милион и четрстотини илјади евра. Твитерџиите потенцира дека утрешниот

собир нема политичка заднина, туку е само знак на револт поради не рационалното трошење на пари.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски