СДСМ: Трајановски да не штити никого, скандалите во ЈПДП треба да ги истражи Јавното обвинителството

Од:

Откако СДСМ го објави скандалот во ЈПДП во којшто на незаконски начин е дозволено поминување на 40 возила Коце Трајановски се обидува да го заштити Раководителот на наплатата на патарините, но неуспешно. Дури откако реагираше СДСМ на прес конференција им текна да се бара наплата преку Секторот за финансии, со фактура за дозволеното незаконско поминување на 40 возила низ патарините, велат од СДСМ.

„Чекале повеќе од еден месец и воопшто не постапиле согласно правилата, прво да се изработи профактура пред настанот, и секогаш да биде наплатено пред поворката од возила да помине. Сето ова е јасен показател дека Раководителот на наплата на патарините, Ванчо Милевски е фатен во класична злоупотреба на службената положба и основано сомнение за сторено кривично дело. Ова самоволие и прекршување на законот се случува во време кога се поднесени кривични пријави за 6 вработени во јавното претпријатие дека пропуштале возила на полицајци без да платат патарина. Го повикуваме Коце Трајановски да не пробува да го извади Раководителот Ванчо Милевски. Трајановски има обврска да го пријави случајот и да побара од надлежно Јавно обвинителство да го расчисти во целост. Во спротивно Трајановски станува соучесник во кривичното дело“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага