Коалицијата Менуваме бара покачување на висината на посебниот детски додаток и додатокот за попреченост

Од:

Коалицијата Менуваме смета дека висината на посебниот детски додаток и додатокот за попреченост треба да се зголеми и за тоа подготвила предлог протоколи.

– Протоколите се плод на многу размислувања, разговори, согледување на негативните и позитивните страни на протоколите и методологијата на нивните изработки се базираше на следните факти. Посебниот детски додаток треба да се покачи 5.100 на 10.000 денари и додатокот за попреченост од 7.100 на 12.000 денари, велат од Коалицијата Менуваме.

Бараат Министерството за труд и социјална политика и Владата веднаш да свикаат владина седница и да донесат одлука за пренамена на буџетски сретства.

Потенцираат дека средствата кои се издвојуваат за финансирање на седумте инвалидски организации во земјава а на годишно ниво изнесуваат 180 милиони денари да се пренаменат и да се додадат во буџетот за посебниот детски додаток и додатокот за попреченост.

-Ако може сите невладини да се бориме без буџет со душа и срце можат и тие инвалидски организации кои ги нема никаде. Коалицијата Менуваме како партнер од невладиниот сектор упорно чекаше решение за проблемот, но, се уште го нема и се одлучи на ваков начин да допринесе за брзо и ефикасно решение, се вели во соопштението од Коалицијата Менуваме.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот

Влада: Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

А1он

Тренчевска: Преку соработката со граѓанските организации обезбедувaме поддршка за сите граѓани​

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Отворен првиот мал групен дом за лица со попреченост во Велес

Ана Ололовска

УНИЦЕФ ја осудува секоја повреда на правото на децата на квалитетно и инклузивно образование

А1он

Коалиција „Менуваме“: Во Скопје 1,2 отсто пристап за лицата со попреченост

Ана Ололовска