Коалиција за Промени и правда: Формиран Централен изборен штаб

Од:

„Коалицијата за Промени и Правда (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО-РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА), вчера вечер одржаа средба на која го формираа Централниот изборен штаб, со кој ќе раководи Драгана Букилица.

Договорено е да се забрзаат сите активности околу претстојните избори и да започне постапката за предлагање на кандидати за пратеници.

Коалицијата за Промени и Правда ја утврди и Предлог -изборна програма која ќе биде презентирана на граѓаните во текот на изборната кампања, во која приоритет се дава на економскиот развој и стандардот на граѓаните.

Во врска со окрупнувањето на Коалицијата со други партии, остануваме отворени за соработка но на принципиелни програмски определби: Промена на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, системски промени и одговорност за креаторите на кризата, силна борба против корупцијата и долгорочна стабилизација на државата.

Коалицијата за Промени и Правда се определи за позитивна предизборна кампања и ќе даде свој придонес кон создавање на услови за фер, демократски и кредибилни избори“, се вели во соопштението на Коалицијата за Промени и Правда.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски