Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Од:

Демократскиот сојуз бара членовите на Републичкиот судски совет да поднесат оставки поради случувањата во Советот, но пред сѐ поради некредибилниот судски систем, недовербата на граѓаните во судиите (само 3 отсто од граѓаните имаат доверба во судиите), како и намерното застарување на голем број тешки судски предмети, сомнежите за корупција од големи размери и целосната парализа на владеењето на правото и правниот систем велат од партијата.

– По констатирањето на оставките да започне постапка за избор на нови членови на Републичкиот судски совет. Демократскиот сојуз инсистира и на ревизија на работата на сите судии, како и укинување на Уставниот амандман (Амандман XXVII) со кој судиите се изземаат од кривична одговорност при донесување судски одлуки и преиспитување на трајниот мандат на судиите. Со оставките ќе се направи мал чекор кон започнување на неопходните коренити реформи во судството, но и во правосудниот систем во целина, се вели во соопштението од Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

ДС: Протестите за јазикот се политички мотивирани, потребно е уставно решение

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

Демократски сојуз бара да се забрани производство на марихуана