Коалиција „Менуваме“: Во Скопје 1,2 отсто пристап за лицата со попреченост

Од:

Низ Градот Скопје има 1,2 отсто пристап за лицата со попреченост. Време е за „Агенда2030“ сега и веднаш, велат од коалицијата „Менуваме“.

-Членот 11 од Законот за градење предвидува создавање содветни услови за лицата со попреченост, но во град Скопје тоа е реткост, а се должи делумно на урбанистичкиот план, но и делумно на градоначалниците и политичарите, велат од коалицијата која спроведе истражување.

Коалицијата бара еднаков третман за лицата со попреченост, пристапни детски игралишта, пристапен паркинг, пристапност за лица со оштетен слух, пристапни јавни тоалети, пешачки патеки и пешачки премини, пристапни објекти однадвор и одвнатре, како и пристапен јавен транспорт. Потсетува и дека „Агенда2030“ вклучува стратегија и методологија за задоволување на основните потреби за лицата со попреченост и обезбедување услови за нивно активно вклучување во сите сфери на општеството, како на локално така и на национално ниво.

Би можело да ве интересира

Влада: Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

А1он

Тренчевска: Преку соработката со граѓанските организации обезбедувaме поддршка за сите граѓани​

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Отворен првиот мал групен дом за лица со попреченост во Велес

Ана Ололовска

УНИЦЕФ ја осудува секоја повреда на правото на децата на квалитетно и инклузивно образование

А1он

„Сајберкултура“ по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

Ана Ололовска

Коалиција Менуваме: Дали Градот Скопје донел одлука за забрана на влез на лицата со попреченост кои имаат кучиња сервиси во јавниот превоз

Ана Ололовска