„Во изминатите неколку месеци ниту со една реченица не беа спомнати децата и лицата со попреченост, родителите и асистентите како дел од целокупниот процес од страна на релевантните фактори кои секојднево лиферуваат соопштенија преку медиумите. И не само децата и лицата со попреченост, туку и семејствата и асистентите. Таквата состојба се уште трае, што може да се протолкува како неподготвеност, незнаење или страв од неуспех на Влада на Република Северна Македонија и Министерство за здравство и Kомисијата за заразни болести⁉“, велат од Коалицијата МЕНУВАМЕ.
„Јавноста е во исчекување, родителите се во исчекување, децата се во исчекување, аситентите се во исчекување и така до бескрај. Преовладуваат две опции:
Ограничено движење или неограничено движење со почитување на мерките. Неспорно е дека неограничено движење е неопходно потребно заради спецификата на нивната попреченост и не е претенциозно да се каже дека потребите на децата и лицата со попреченост во многу се врзани за индивидуалната функција под контрола со примена на метод согласно функционалноста⁉ Тоа кај ограниченото движење е невозможна мисија.
Децата и лицата со попреченост повеќе што децата и лицата со особено задоволство идат во моловите, кафичите, рестораните, спортските натпревари и др каде што се наоѓаат себеси при што имаат директен пристап на разни информации и потреби, изразување на нивната способност, потреби, желби, чувства и социјална партиципација⁉
Тоа придонесува за подобрување на нивната самостојност, успех во дружењето, самопочитување, позитивните ставови и чувство на успешност на децата и лицата со попреченост.⁉
Доаѓаме до клучното прашање кое што се однесува на пренесување на заразата. Одговорот е едноставен: носење заштитна опрема, почитување на протоколите и се ќе биде во ред. Редовна дезинфекција на просториите, опремата, самодисциплина, а неа је имаат децата и лицата со попреченост, тие се послушни, внимателни, исполнителни и свесни за проблемот.⁉
Но, проблемот си го наметнуваат самите себеси од страв, од незнаење, од неинформираност надлежните фактори кои се неодлучни и топката ја префрлуваат едни на други. Неодговорно е децидно да се кажува дека ќе се случи ова или она а притоа немајќи стратегија за справување со проблемот.
Социјализацијата е еден огромен кош во кој се ставени сите заедно. Ние како коалиција предлагаме НЕОГРАНИЧЕН начин на изведување на КОВИД МЕРКИТЕ кај децата и лицата со попреченост. ⁉
Со оглед на тоа дека меѓу нив има и такви деца и лица со попреченост кои заради здравствена состојба имаат потреба од постојана придружба на родител или асистент“, соопштува Коалицијата МЕНУВАМЕ.
Оттаму апелираат лицата со попреченост, нивните родители и асистентите да бидат ослободени од новите ковид протоколи.