Коалиција Менуваме: Дали Градот Скопје донел одлука за забрана на влез на лицата со попреченост кои имаат кучиња сервиси во јавниот превоз

Од:

Од Коалицијата „Менуваме“ денеска реагираат на, како што велат, свесно кршење на законот, Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на ОН и Уставот на Република Северна Македонија, со тоа што на лицата со телесна попреченост не им се дозволува да влезат во возила на ЈСП со своите кучиња кои им помагаат во движењето.

– Денеска на Александар Велевски, кој е лице со телесна попреченост во количка и неговиот четвороножен сервис куче Бен, не им било дозволено да го користат јавниот превоз. По наредба на Градот и градоначалничката донеле одлука лицата со попреченост кои имаат куче сервис да не бидат пуштени во јавниот превоз т.е. во возилата на ЈСП, се вели во денешното соопштение од Коалицијата Менуваме.

Од оваа Коалиција прашуваат дали има и каква е таа одлука, како и зошто таа не е објавена на страната на Градот Скопје.

Коалицијата Менуваме јавно бара објаснување од Градот Скопје и градоначалничката да се изјаснат за настанатата ситуација, а најавува дека ќе се обрати до канцелариите на ОН, ОБСЕ, и на Делегацијата на ЕУ во земјава.

Би можело да ве интересира

Влада: Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

А1он

Тренчевска: Преку соработката со граѓанските организации обезбедувaме поддршка за сите граѓани​

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Отворен првиот мал групен дом за лица со попреченост во Велес

Ана Ололовска

УНИЦЕФ ја осудува секоја повреда на правото на децата на квалитетно и инклузивно образование

А1он

Коалиција „Менуваме“: Во Скопје 1,2 отсто пристап за лицата со попреченост

Ана Ололовска

„Сајберкултура“ по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

Ана Ололовска