„Клошари, бандо, измеќари“- агресивен речник на македонски дипломат во Вашингтон

Од:

Обединетата македонска дијаспора, крајно револтирна, испрати писмо до премиерот на Република Македонија, Емил Димитриев, во врска со како што се вели “недоличното однесување и навредите од страна на меѓународниот претставник на Агенцијата за странски инвестиции во Вашингтон, Оливер Ристиќ“.

Еве што стои во дописот:

„Во текот на изминатите неколку дена, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) беше изложена на лавина навреди од страна на меѓународниот претставник на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија, Оливер Ристиќ. Навредите беа јавно објавени на социјалната мрежа Фејсбук и беа проследени со низа невистини, како и извртување на фактите околу донациите и вклученоста на ОМД во справувањето со штетите од поплавите во Република Македонија.

Најзагрижувачкиот елемент од овој немил настан е агресивниот и погрден речник со кој господинот Ристиќ директно и лично го нападна претседателот на ОМД, Методија Колоски, како и низа други членови на нашата организација. Со ваквото однесување, господинот Ристиќ покажа фундаментален недостаток на основните манири што се очекуваат од еден вршител на висока јавна функција. Иако господинот Ристиќ при искажувањето на своите ставови се огради од институциите што ги претставува, ОМД смета дека употребата на ваков речник од страна на актуелен вршител на државна функција им нанесе огромна штета на угледот на амбасадата на Република Македонија, на Агенцијата за странски инвестиции, на Владата на Репубика Македонија, а со тоа и на државата Република Македонија во целина.

ОМД смета дека наша обврска е да реагираме секогаш кога нечии постапки резултираат со делење на македонското национално ткиво. Освен членовите на ОМД, Ристиќ ги навреди и сите останати македонски иселеници низ светот негирајќи го нивниот придонес во градењето на Република Македонија, како и нивната несебична помош во вид на донации во последните 25 години. Исто така да не заборавиме да го потсетиме господинот Ристиќ дека, според Светска Банка, учеството на дијаспората во бруто-домашниот производ на Република Македонија изнесува речиси 25%.

Поради сето ова, ОМД и нејзините членови ги прекинуваат сите контакти со господинот Ристиќ и недвосмислено апелираат истиот итно да се извини за искажаните навреди, како и итно да биде повлечен од функцијата меѓународен претставник на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија“, пишува Стојан Николов, претседател на Управниот Одбор на ОМД.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски