Клиника за психијатрија: Менталното здравје е важно посебно во услови на пандемија со КОВИД -19

Од:

Металното здравје е важно посебно во време на актуелната пандемија со КОВИД-19. На подолг рок, луѓето кои биле заразени или имале симптоми на болеста со Ковид-19, можат да бидат изложени на ризик од ментални заболувања, како што се депресија, вознемиреност, замор и посттрауматско стресно растројство и по завршување на лекувањето, велат од Универзитетската клиника за психијатрија по повод Светската недела за подгинување на свесноста за ментално здравје.

Од Клиниката појаснуваат дека тешките коронавирусни инфекции може да имаат и психолошки последици, вклучително и можни директни ефекти врз централниот нервен систем, степенот на физиолошки компромис, заради низок крвен кислород, имунолошкиот одговор и медицинските интервенции, како и други причини, кои се однесуваат на поширокото социјално влијание, вклучително и социјалната изолација, загриженост за зараза од други лица и стигма.

– Повикајте го вашиот доктор, психијатар или психолог ако стресот е присутен во текот на вашите дневни активности неколку дена по ред и не успевате да најдете начин како да се справите со него, апелираат од Клиниката.

Оттаму потсетуваат дека во изминатиот период отворени се повеќе телефонски линии наменети за психолошка поддршка на граѓаните:

– возрасни во самоизолација 072 919 009
– мајки во бременост и по породување 078 378 766
– родители на деца на предучилишна и училишна возраст 072 912 676
– адолесценти 078 378 728
– родители на деца со пречки во развојот 070 291 574
– психолошка поддршка на албански јазик 070 291 657

Во наредниот период се најавуваат повеќе активности за промоција и превенција за менталното здравје наменети за целата популација, како и за одредени групи под ризик, како што се повозрасните лица, децата и адолесцентите, различните групи со зголемен ризик за насилство, лицата кои веќе се лекуваат од ментални растројства, како и здравствените работници.

– Изминатиот период од отворањето на телефонските линии покажа дека тие беа потребни за многу граѓани кои првпат се соочуваат со ментални потешкотии, како и за луѓе кои веќе имале искуство со сервисите за ментално здравје, велат од Клиниката.

Би можело да ве интересира

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он