Клинички центар затворен за новинари

Од:

Во Клинички центар се префрлени неколкумина повредени полицајци по вооружената престелка во Куманово, а на клиниката е забранет влез за новинари и не се даваат официјални информации за бројот на повредени.

Се забележува зголемено присуство на полициски службеници.

Директорот на клинички вели дека нема да дава изјави за медиуми, дека тоа ќе го направи или министерот за здравство Никола Тодоров или министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Повредените ги посетија министерот Тодоров и помошниот министер за внатрешни работи, Иво Котевски.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе