„Клин“, ново движење во албанскиот корпус

Од:

Врие во албанскиот политички корпус. Освен поларизираните ДУИ и ДПА, и најавата на нова партија од страна на интелекталци и универзитетски професори, за која еден од основачите, Мерсел Биљали, кажа дека по основањето ќе ја препуштат на млади кадри, на повидок е основање на движењето „ПУИКА“, во превод на македонски „ Клин“.

Движењето, дознава А1 ќе биде формирано од страна на институти, невладини организации и индивидуални авторитети, можеби веќе наредната недела.

Страв, велат основачите, постои кај албанските политички играчи, а посебно е вочлив кај владеачката партија ДУИ, која досега цврсто ги држеше конците токму во Скопје, каде е формирано првото јадро на интелектуалци и јавни личности кои го инициираат ова движење, кое вели еден од иницијаторите за А1, може подоцна , политички да ги помати есапите на веќе етаблираните политички структури.

Фактот дека се работи за непотрошени луѓе и преставителни организации и структури кои преставуваат голем број на гласачко тело го објаснува интересот што го предизвикаа со самата најава.

Член на движењето „ПУИКА“ за нашиот портал објасни дека ним не им е докрај јасен овој непропорционален страв од страна на партиите кој е поголем дури од можноста за директно формирање на една политичка партија најавена од некои поранешни политичари како Мерсел Билали и .

Од движењето се оградуваат од ова најавена партија и укажуваат дека тие самите сакаат да влијаат на политичките процеси но не мислат дека тоа е можно само преку партија. Тоа е важно за нив и заради фактот дека еден од столбовите на нивната платформа ќе биде токму борбата против партизација на државата но и на вкупната јавна свест што исто така е веќе присатно и во албанскиот дел на јавноста во Македонија.

 Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

Орце Костов

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

Орце Костов

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

Орце Костов

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

Орце Костов

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска