Клин: И покрај притисокот од власта движењето е формирано

Од:

Oсновано е движењето ПУИКА или на македонски „Клин“. И покрај силниот притисок од владеачките партии, особено од ДУИ, како што велат основачите и членовите, успешен е исходот од двете средби на иницијаторите за формирање на неформална граѓанска коалиција за помош на општествените процеси, културната и политичката ситуација во Македонија.

Членови на движењето, основано во Скопје се Азам Даути , Едмонд Адеми, Екрем Долек , Фадил Кури, Илир Ајдини, Рамадан Рамадани и други.

Ова движење, велат не е политичка партија , не се поврзани со ниту една политичка партија но не се поврзани ниту со партии кои се во најава за основање.

„Клин не e ни аполитичка организација, што значи дека ќе има свои позиции и ставови за различни политички прашања, социо-економски и културни. Позиции, што во догледно време ќе биде претставени на јавноста“, стои во официјалното соопштение.

Движењето има граѓанската платформа, тврди дека е фактор за општествено и политичко влијание, проактивен учесник во општеството и ќе придонесува за натамошна демократизација на Македонија.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска