(ВИДЕО) Клетников: Северна Македонија ни е билет за смрт, не за во Европа

Од:

Сакаат да ја докусурат Македонија и да ја распаднат нацијата преку брутална и агресивна кампања, обвини Ефтим Клетников од „Македонски манифест“, според кого, со промена на името во Северна Македонија е директен билет за смрт а не за Европа.

„Никогаш кај нас не доаѓале толку многу странци. Видете Столтенберг сега втор пат доаѓа. Прв пат дојде да го одликува Али Ахмети кој беше водич на албанските терористи во 2001 година и да ја поддржи албанската платформа. Говорењето на Зоран Заев на македонски јазик во Брисел е уште еден штос. Тие македонскиот јазик го избришаа со договорот со Бугарија. Со Северна Македонија имаме билет за смрт не за во Европа“, рече Клетников.

Со Договорот со Грција се укинува нашиот идентитет. Клетников замери на преименувањето на аеродромот и автопатот, а пак, тврди дека античка Македонија била подарена на Грција.

„Ние можеби вистина ќе влеземе во Европа како што вели премиерот, но по 15-20 години. Во Европа влегуваме како живи мртовци, бидејќи влегуваме како Северна Македонија. Идентитетската смрт им е наменета на Македонците во Македонија. Не на Албанците, Бугарите и останатите народи во Македонија. Ќе влеземе во Европа ќе имаме плати до небо, тоа е лага до лага. Ромаците кои се во Европа, уште посиромашни станаа. Се манипулира“, додаде Клетников.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска