(ВИДЕО) Ќучук: Без промена на уставот, Македонија ризикува да биде одвоена од Албанија на патот кон ЕУ

Од:

Без да ги спроведе потребните реформи, Република Северна Македонија реално не може да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ, вели бугарскиот европратеник и известувач за земјава во Европскиот парламент и копретседавач на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) Илхан Ќучук.

Тој во интервју за БГНЕС подвлекува дека без промена на Уставот, земјава не може да почне да преговара со ЕУ. Воедно, предупреди дека доколку Скопје не ги направи овие промени во блиска иднина, ќе се одвои од Албанија на патот кон ЕУ. Така, Северна Македонија, додава тој, ќе остане во групата со Србија, Косово, Босна и Херцеговина – земји со сериозни проблеми со своите соседи.

-Од друга страна, тука е и геополитичкиот предизвик, заедно со тоа, можност Украина всушност да почне да преговара со ЕУ, таа е земја која доби статус на кандидат за членка. Односно, изборот е многу јасен – дали Република Северна Македонија сака да продолжи по својот пат, со реформирање на општествените односи, или ќе се приклучи на друга група која нема јасен патоказ за во ЕУ, вели Ќучук, при тоа нагласувајќи дека одлуката е целосно во рацете на македонските политичари.

Според него, во македонскиот Парламент нема единство околу целта за влез во ЕУ, туку се игра со стравовите на македонското општество.

-Никој не поставува дополнителни услови (на Скопје). Ова се условите и двете страни се договорија – Бугарија и Република Северна Македонија. Тие ги изгласаа овие услови во бугарското, односно во македонското Народно собрание. Отсега овие договори мора да се исполнат, вели европратеникот Ќучук кој е копретседавач на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ).

Би можело да ве интересира

ЕУ сака да воведе санкции против Израел, но Германија и Италија одложуваат

ЕУ и Трамп се многу блиску до договор за царините

Катерина Ѓуровски

Македонија ќе ја следи Европа во политиките за санкции кон Русија

Катерина Ѓуровски

Фицо попушти, Европската унија вовоедува нов пакет санкции за Русија

Катерина Ѓуровски

ЕУ остава прстор за договор, ги одложува контрамерките против САД до август

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски