Ќе се уредуваат плажите на Преспанско Езеро

Од:

Следната недела ќе почне уредување на вкупно 600 метри плажи на Преспанското Езеро. Ќе бидат опфатени плажите во населбите Сливница и Стење.

Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, проектите за уредување опфаќаат содржини кои се во согласност со највисоките туристички стандарди, со цел овие плажи да бидат атрактивни локации во текот на туристичката сезона.

Предвидено е во рок од четири месеци да биде завршено уредувањето на плажите, со што ќе бидат подготвени за пречек на првите туристи во текот на следната туристичка сезона.

Теренот на кој ќе бидат уредувани плажите ќе биде нивелиран со песок, а функционално планираниот простор за плажа е решен како единствена целина со содржини од услужен  карактер, а за таа цел на плажата се предвидуваат шанкови со кабина за музика, санитарен јазол, простор за чување и користење урбана опрема како што се лежалки, чадори, соблекувални, чешми и тушеви, игралишта за деца, игралишта за одбојка, мал фудбал и тенис, простор за спасувач, часовник, безжичен интернет, информативно пано, платформа за сончање над езерската површина, како и платформа за пловни објекти и издавање педалинки.

Плажите ќе бидат лесно пристапни за лица од сите возрасти, како и инвалидизирани лица, без скали и висински разлики на различно обработените соодветно функционално наменети површини.

За попријатен престој на плажата, предвиден е и посебно партерно уреден простор, со ниско и високо зеленило, клупи, фонтани, корпи за отпадоци и друга урбана опрема.

Во Езерото ќе бидат поставени пластични бови како ограничување на делот безбеден за пливачите, на 50 метри растојание од брегот.

Од Министерството наведуваат дека особено внимание ќе се посвети на тоа да не биде нарушен еко-интегритетот на околината, односно флората и фауната во непосредната близина на плажите.

Во меѓувреме објавен е и конкурс за избор на идејно решение за уредување на 500 метри плажа на дел од Охридско Езеро во општина Дебарца. Рокот за поднесување на идејните решенија е 15 август 2014 година до 11 часот.

Би можело да ве интересира

Беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“, тешко оди неговото локализирање

„MEET Преспа”– фестивал што ги обединува културите во регионот утре во Пустец

А1он

Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под контрола

А1он

Легендарниот германски актер и режисер Брајан Мајклс добитник на наградата за животно дело Актер на Европа 2025 на Интернационалниот театарски фестивал во Преспа

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он