Ќе се прошири и реасфалтира една улица во село Дебреше

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, одблизу го следеше почетокот на градежните работи за проширување и реасфалтирање на дел од една улица во горниот дел на селото Дебреше.

Улицата, која ќе се прошири и реасфалтира има должина од околу 200 метри, моментално е широка околу 3 метри, а по реконструкцијата ќе добие широчина 4,20 метри, доволна ширина за непречен сообраќај во двете насоки.

„Беше барање на жителите на село Дебреше, бидејќи овој дел од улицата беше доста оштетен и тесен, а е доста фреквентен. Покрај тоа, ќе се асфалтира и паркингот на селската џамија во оваа населба. Со реализацијата на овој проект, ние всушност ќе ги заокружиме планираните инвестиции за оваа година во областа на инфраструктурата, односно водоснабдување, канализација, асфалтирање како и асистенција на активности преземени од страна на Месната заедница на селото“, истакна Таравари.

Жителите на селото Дебреше, изразија благодарност за досегашните инвестиции на Општина Гостивар во нивното село и за одржаните ветувања од страна на градоначалникот Арбен Таравари.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски