Ќе се поедостават процедурите на граничниот премин Табановце – Прешево

Од:

Македонија и Србија се договорија за поедноставување на извршувањето на граничните процедури и скратување на временскиот период на задржување на возовите на граничниот премин во железничкиот сообраќај Табановце – Прешево.

Како што соопшти ресорното Министерство, Спогодбата за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево ја потпишаа министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и потпретседателот на срапката Влада и министер за сообраќај, градежништво и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, во рамките на денешната заедничка седница на владите на Република Македонија и Република Србија оддржана во Скопје.

– Оваа Спогодба ќе придонесе за скратување на времето на задржување на возовите за да се зголеми конкурентноста на железничките услуги за двете земји.  Ова само ја покажува силната заложба на Република Македонија и Република Србија за фер и конкурентски услови, како и забрзан проток на стока и патници за овој вид сообраќај, се вели во соопштението на Министерството за транспорт и врски. 

Би можело да ве интересира

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

Орце Костов

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска