Ќе се намали цената на водата во Скопје, но сметките ќе останат непроменети

Од:

Градот Скопје, советите на општините, и Владата до 1 јануари 2018 година треба да ги утврдат новите цени на водата врз основа на тарифите што ги определи Регулаторната комисија за енергетика за 37 претпријатија даватели на водни услуги. Според изготвените решенија во дел се предлага намалување, а во дел зголемување на постоечките цени, додека во одредени општини, како градот Скопје, на пример, жителите ќе плаќаат и дополнителна услуга за прочистување на отпадните води.

Цената на водата во Скопје, според решението на Регулаторната комисија за енергетика, што, заедно со другите решенија, денеска на прес конференција ги образложи претседателот на РКЕ, Димитар Петров, треба да се движи помеѓу 30,54 и 34,80 денари. Просечаната тарифа за градот Скопје изнесува 32,68 денари за метар кубен потрошена вода. Сегашната просечна цена изнесува 31,39 денари. На ова се додава и новата давачка што скопјани ќе ја плаќаат од наредната година за прочистување на отпадни води што според предлогот на РКЕ изнесува 2,04 денари по метар кубен.

Како што посочи Петров, ЈП „Водовод и канализација“ побарало намалување на цената за 1,82 проценти, а Регулаторната комисија со решението утврдило намалување на цената за 2,68 проценти согласно минималната тарифа.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он