Ќе се гради систем за фекална канализација, пречистителна станица и регулација на коритото на Тополка

Од:

Изработена е проектно-техничка документација за изградба на систем за фекална канализација, пречистителна станица и регулација на коритото на реката Тополка во Горно и Долно Јаболчиште, за што од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион се издвоени 1.880.000  денари.

Директорот на Хидросистемот „Лисиче“ Дејан Арсовски изјави за МИА дека е од големо значење изработката на проектната документација, најавувајќи дека веќе наредната година проектот ќе биде реализиран.

– Имаме цврсти гаранции од Владата дека наредната година ќе изнајде средства за реализација на овој голем проект што е од суштинско значење за жителите на Велес и околните населени места, изјави Арсовски.

Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски појасни дека преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион се обезбедени и два милиони денари за чистење на речното корито на реката Тополка помеѓу селата Горно и Долно Јаболчиште во должина од четири  километри, со што ќе биде исфрлен смет од околу пет илјади метри кубни.

– Со тоа на директен начин ќе се подобри квалитетот на водата во реката Тополка од која граѓаните на Велес и околните населени места се снабдуваат со вода за пиење,потенцира Коцевски.

Тој посочи дека иако овој проект е на територија на Општина Чашка, сепак е од суштинско животно значење и за граѓаните на Општина Велес.

– Таа вода од реката Тополка преку Хидросистемот „Лисиче“ доаѓа во Пречистителната станица во Велес ,а ЈКП „Дервен“ прави вонсериски напори со користење на хемикалии да ја оспособи водата да биде здрава за пиење.Затоа со изработката на оваа проектна документација а понатаму и со реализација на проектот ќе се реши еден долгодишен горлив проблем на велешани, посочи Коцевски.

Имено, Општина Чешка со цел да се одржува чистотата на реката Тополка, неодамна преку Бирото за регионален развој набави и повеќенаменско возило за собирање на смет, како и 50-тина метални конјенери.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов