Ќе се гради првата 20-катница кај „Холидеј Ин“, Богдановиќ тврди дека нема пречки да ја потпише градежната дозвола

Од:

Не постои никаква пречка да се почне со градење кај паркингот карши хотелот „Холидеј Ин“ на една од трите згради, бидејќи градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, деновиве ќе ја потпише градежната дозвола. Тоа значи дека ќе може да се изгради 20-катницата на парцелата од Македонската православна црква, откако претходно ќе се направат сите подготвителни работи. Богдановиќ за „А1он“ вели дека немал начин да го спречи градењето на оваа кула.

„Ние прачки пречки, по добивањето на мислењата такви какви што ги добив и немање на никакви жалби, нема веќе простор да се одложува правосилноста. Не е издадена градежната дозвола, но треба да видиме само кој датум ќе биде точно. Може да биде денес, утре, задутре. Добиваат дозвола само за едната, за другите – не. Нема никаква постапка, единствена постапка која се почна беше за оваа. Чекавме да видиме какви се мислењата, чекавме да видиме дали ќе има жалби – немаше. Нема веќе правен основ“, рече Богдановиќ за „А1он“.

Богдановиќ смета дека направил се што можел да ја спречи оваа градба, со што ги исцрпил можностите, одговарајќи дали е популарно да издава дозвола за градење кога поднесе кандидатура за втор мандат.

„Од моја страна и од страна на Општина Центар беше направено се. Двапати беше донесена одлука за неспроведување на планови, Уставен суд не ги поништи. Беа испратени елаборати за барање за супспензија, добивме мислења. Правни пречки, по пресудите, а согласно законот кој ни е донесен за градење, немате основ. Секое попречување, може да ја чини општината многу. Ние како Општина направивме се во тој поглед и сме единствени во тој дел“, додаде Богдановиќ.

Фирмата „Фешн груп“ и Македонската православна црква (МПЦ-ОА) се инвеститор на овој проект. Тие градежната дозвола за првата кула ја побараа во април годинава. За оваа кула се платени комуналии од 2,4 милиони евра на Град Скопје и на Општина Центар

За да не се гради овој објект имаше и онлајн петиција, која инвеститорите ја нарекоа беспредметна. Проектот треба да се гради во три фази. Во првата фаза изградба на станбен објект со 20 ката и височина од 80 метри, на парцелата на МПЦ. Во втората фаза изградба на станбено-деловен објект со 22 ката и височина од 15 и 88 метри. Во третата фаза – изградба на трговски центар од затворен тип со височина од 15 метри и деловна зграда – кула со 16 ката и височина од 76,5 метри.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата