Ќе се гради „Парк на пријатели“ во Куманово

Од:

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, преку соопштение на веб страницата на општината даде појаснување во врска со неговата изјава дадена на седница на Советот на Општината за поставување спомен облележје на американската фирма КБР пред комплексот базени.

– Идејата на општина Куманово и мене како градоначалник е пред комплекосот „Отворен и Затворен базен” да направиме парк, што ќе го наречеме „Парк на пријатели на Куманово“. Во интерес на озеленување на градскиот централен регион и создавање на пријатно место за одмор и реласкација на граѓаните во овој град, во паркот ќе има фонтана, а покрај неа споме постамент на кој ќе се постават спомен плочи за благодарност на сите правни и физички лица кои направиле значајни работи за граѓаните, во која било сфера од животот на нашата општина, се наведува во соопштението на Димитриевски.

Воедно, се додава дека Општина Куманово заедно со Советот ќе направи листа на пријатели, за кои ќе бидат изготвени и соодветни одлуки и благодарници. – Граѓаните на Куманово треба да имаат пријатели, но уште поважно е тие пријателства да се негуваат и продлабочуваат, стои во соопштението од градоначалникот.

Инаку, голем број работници од Куманово, повеќе од десетина години се ангажирани за американски копмании кои пружаат поддршка на американската војска во Ирак, Авганистан и други држави. Се проценува дека повеќе од 5.000 лица биле на работа во овие подрачја.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски