Ќе се гради нова трибина на стадионот во Охрид

Од:

Во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија, денеска на средбата на в.д председателот на федерацијата Муамед Сејдини, генералниот секретар Филип Поповски и градоначалниците на општините Охрид Јован Стојаноски и на Чаир Висар Ганиу, беше презентиран проектот за реконструкција и изградба на нови трибини на стадионите во Охрид и Чаир.

Во соработка со ФФМ и УЕФА, Општина Охрид ќе ги реконструира постојните и ќе изгради нова трибина на фудбалскиот стадион во СРЦ „Билјанини извори“. Вредноста на овој проект, кој видно ќе придонесе за развојот на спортот во Охрид, изнесува 800.000 евра.

Фудбалската федерација на Македонија од УЕФА и програмата за развој, официјално доби дозвола за започнување на активности за реконструкција и изградба на трибини на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Средствата се одобрени по претходно поднесена апликација и идејни проекти.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ