Ќе се формира анкетна комисија за „Фабриката за фалсификувани лични документи“

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ја прифати Предлог-одлуката за основање анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификување на лични карти, пасоши и други документи“.

Иницијативата е поднесена и поддржана од 62 пратеника од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА.

– Од јавноста дознавме, а од официјалните соопштенија од Јавното обхвинителство добивме потврда дека на едно место се пронајдени списоци со 120 илјади украдени идентитети на граѓани, огромен број на фалсификувани лични карти, огромен број фалсификувани пасоши, не само од Република Македонија, туку и од Бугарија и Турција, што на овој скандал му дава и меѓународен карактер, истакна координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, образложувајќи ја иницијативата за поднесување на оваа Предлог-одлука.

Тој додаде дека нивна обврска е вистината за овој случај да излезе пред јавноста.

Анкетната комисија, како што посочи, ќе има обврска да обезбеди чисти услови за одржување на предвремените парламентрани избори закажани за 24 април. Одлуката, рече Димовски, е направена по истиот концепт и истите одредби како што беше направена Предлог-одлуката за формирање Анкетна комисија за прислушкуваните разговори.

Опозицијата побара Предлог – одлуката да биде симната од дневен ред бидејќи, како што посочи Петре Шилегов, прашањето што се предлага како содржина за работа на оваа комисија е веќе опфатено со веќе формираната Анкетна комисија врз основа на договорот од Пржино.

На почетокот на седницата пратениците го верификуваа мандатот на пратеничката Мирјана Хаџиевска, која доаѓа на местото на Силвана Бонева.

Беше прифатено по скратена постапка да биде разгледуван и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавнообвинителска служба, по скратена постапка со кој се регулираат додатоците за плата на вработените во јавнообвинителската служба во кумулативен износ до 35 проценти од основната плата. Се предлага и новите вработувања во Специјалното обвинителство да бидат на определено време до укинување на ова обвинителство.

Седницата ќе продолжи по редовната едночасовна пауза.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања