Ќе продолжиме да ги водиме постапките врз основа на аргументите, а не на физичка сила велат од РКЕ по нападот над Бислимовски

Од:

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски е добар, колку и да е тоа соодветен збор по инцидентит кој се случи синоќа каде тој беше нападнат во центарот на градот. Нападот е пријавен во МВР, информира портпаролката на РКЕ Марина Узунов.

-Сакам да ја информирам јавноста дека како и до сега така и од сега РКЕ ќе продолжи да работи транспарентно согласно законот затоа што основен постулат во нашето делување е заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност и стабилност во електро-енергетскиот систем. Единствено по што се водиме е словото на закoнот, така и ќе продолжиме да ги водиме постпките врз основа на силата на аргументите, а не на физичка сила, изјави Узунов.

Нагласи дека претседателот на РКЕ Бислимоски инцидентот го пријави во соодветните институции.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

Поевтинува дизелот

Бислимоски: Приватните енергетски инвестиции ќе донесат пониски сметки за парно

Орце Костов

Поскапува дизелот

Пониски сметки за струја во првиот блок, пристап до мрежа од 200 денари ќе плаќаат и оние што штедат

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Нема да има никаков ценовен шок