ВИДЕО: Ќе падне ли договор за јавното обвинителство?

Од:

Преговарачките тимови на СДСМ и опозициската ВМРО ДПМНЕ, попладнево во Собранието повторно седнаа на маса, за да направат нов обид за изнаоѓање заеднички прифатливо решение за законот за јавното обвинителство. Министерката за правда, Рената Дескоска, пред почетокот на средбата рече дека исходот на преговорите зависи од опозицијата.

– Повеќе сум реалист отколку, оптимист, затоа што знаеме кого имаме од друга страна. Дали ќе имаме договор зависи од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Не сакаме да носиме закон заради закон, тој треба да биде суштински и во согласност со европските стандарди. Имаме неколку разидувања и тоа во однос на процедура при именување на обвинител, дилема дали воопшто ќе има ново обвинителство ако го веќе го укинуваме СЈО и трето солидна правна рамка за водење на случаите. Непрфатливи се отстапки кои се надвор од европското право и вредности, рече Дескоска.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски ја повика власта да не бега од одговорност и Заев да го исполни предизборното ветување за предлогот за избор на шеф на обвинителство да биде од опозицијата.

– Да зависеше се од опозицијата, законот досега ќе беше донесен. Имавме други сложени закони кои се носеа со 2/3 мнозинство, како за УБК и ОТА, постигнавме компромис, тука видовме дека има европски вредности. Доколку јас би бил министер по 9 месеци преговори не би бил задоволен и успешен. Очигледно е дека законот си го договориле ДУИ И СДСМ. Едно од клучните ветувања, на власта, е опозицијата да биде дел од изборот на главениот обвинител, да си ги преиспитаат ветувања. Отстапка, може да направиме до таму каде што има суштинско делегирање на опозицијата. Немаме размислувано за име, кој би бил новиот шеф нановото обвинителство, важно е да најдеме решение првично за законот, рече Милошоски.

Денешната средба на работните групи за законот за јавно обвинителство е прва по лидерската средба на Заев и Мицкоски која се одржа на почетокот на овој месец и од која не произлезе никакво решение.

Би можело да ве интересира

Спогодба со Кичеец, непостапување за 27 април, пучот на Заев – кои се обвинителите кои сакаат да гонат криминал со Русковска

Кристијан Ландов

Маричиќ, Јовески и Здравев ќе ја презентираат методологијата за прочистување на правосудството

Ана Ололовска

СЈО замина во историјата, предметите во рацете на Јавното обвинителство за организиран криминал

Ана Ололовска

Жерновски: Голем ден за правдата, лош за „тефтерчињата” на ВМРО- ДПМНЕ

Ана Ололовска

Почна примената на Законот за ЈО и Законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители

Ана Ололовска

Фетаи: Новиот закон за ЈО им дава можност на обвинителите да се справат со криминалот

Ана Ололовска